На Задруга – Локално решение за храна како лек
„На Задруга“ е заедничка иницијатива која ја враќа храната во срцето на здравјето и заедницата. Преку едукација, одржливо регенеративно одгледување на растенија, пчели и одговорно чување на птици и животни, создаваме систем каде локалната, свежа и хранлива храна станува основа за благосостојба.
Иницијативата ги обединува луѓето околу заедничка цел – да учат, да произведуваат и да споделуваат. Преку работилници, практична настава и меѓусебна поддршка, „На Задруга“ гради доверба, економска сигурност и поздрава иднина за сите.
Заедно, ја враќаме вредноста на храната како лек и ја зајакнуваме силата на заедницата.